Дваесест и седум годишниот С.К. од Кичево починал синоќа во медицинскиот центар во Кичево.
Од полицијата денес информираат дека околу полноќ тој бил донесен во болницата поради влошена здравствена состојба, но и покрај укажаната лекарска помош, момчето починало.
Тој бил во угостителски објект кога одеднаш му се слошило, па од страна на присутните и вработените веднаш бил однесен во болницата.
Причините за смртта не се познати, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.