Трагедија во манастирот „Богородица Заумска” на брегот на Охридското езеро


Работникот заедно со повеќе работници биле ангажирани за изградбата на конаците во манастирот, кој од лани се возобновуваат од страна на МПЦ. – Несреќата се случи околу 14 часот и 15 минути кога работникот изведувал електрични работиsv bogorodica zaumska

Работник од Албанија роден 1973 година го загубил животот при издување електрични работи на новиот манастирски комплекс Света Богородица Захумска во месноста Заум кај Трпејца, јави Охрид Њуз.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, несреќата се случила при изведување инсталација од ормарчето за напојување со електрична енергија, при што работникот допрел неизолирана фаза од инсталацијата. Веднаш била повикана итната медицинска помош, која на повредениот работник му пружила прва помош, но на пат кон Охрид тој починал.

На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител, инспектор за труд и службени лица од СВР Охрид.

Манастирскиот комплекс со конаци непосредно до црквата Св. Богородица Захумска во Заум, која инаку е споменик на културата заштитен со закон, го гради Дебарско -кичевската епархија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1