Седумгодишно момче од селото Никуштак се удавило, одкако го повлекла надојдена вода во еден дол крај селото, извести полицијата. Трагедијата се случи околу 13 часот, кога детето со постарото братче оделе по селскиот друм кон училиште.
Во моментот, додека минувале низ долот, од врнежите наишла вода и ги повлекла и двајцата. Минувач успеал да го спаси само едното дете.