ТТригодишно момче од Скопје почина доцна попладнево во несреќен случај а неговото 5-годишно братче со повреди на телото е хоспитализирано во Градската општа болница.
Според информациите на Алфа несреќата се случила во семејната куќа на улица „Раштански пат“ во Скопје околу 15 и 30 часот кога влезната метална врата паднала врз детето.
Според информациите од полицијата, тригодишниот Бесир по тешките повреди починал на лице место, а шест годишниот А.И. со повреди бил хоспитализиран во Градската болница.