Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби пет годишно дете се случи вчера вечерта околу 21:15 часот во скопско Рашче.
Од полицијата информираат дека 37-годишниот М.М. во автомобил „БМВ“ удрил во детето. Возачот веднаш го земал малолетникот и го пренел во ГОБ „8-ми Септември“, но за жал детето им подлегнало на повредите.
Полицијата на местото на несреќата извршила увид.