Трагедија во Србија: Шестгодишно дете падна во машина за леб и почина!


Огромна трагедија се случи синоќа во Борча, Србија. Дете на шестгодишна возраст починало околу 20 часот кога влегло во машината за правење леб во пекарата. Детенцето влегло во киблата за мешање на тестото и ја вклучило мешалката.brza pomos belgrad srbija bolnica

Несреќното дете на место останало мртво, а родителите биле во близина во моментот на несреќата, како и нивната осумгодишна ќерка.

Во пекарата во тек биле подготовките за утрешното отворање, а локалот не е во сопственост на семејството туку изнајмен.

Полицијата потврдила дека станува збор за несреќен случај, па обвинителот нема да покрена истрага.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1