Трагедија во Тетово: Син ја пронашол мајка си обесена


Педесет и шестгодишната С.С. од Тетово, вчера се самоубила со бесење во подрумските простории на семејната куќа.

Од полицијата информираат дека ја пронашол синот кој го повикал соседот, ја спуштиле на подот и повикале Брза помош, но веќе било предоцна.jaze besilka

Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид на местото на самоубиството и при преглед на безживотното тело на С.С, не се пронајдени траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото му е предадено на семејството за погреб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1