Триесет и три годишниот Блаже И. кој загина вчера во сообраќајната несреќа кај Мавровка, ја носел 21-годишната сопруга И.С. на породување, пишува Курир.
Според информациите починатиот поради болките кои ги имала неговата сопруга возел со пуштени четири трепкачи, а покрај него и сопругата во автомобилот била и неговата мајка и семеен пријател.
Неговата сопруга која беше тешко повредена во несреќата била префрлена на Клиниката за гинекологија и акушерство каде е породена и на свет донела девојче, а состојбата во моментот и е стабилна.
Во сообраќајката учествуваа три патнички возила и четворица пешаци, а повредени беа седум лица.