Го нашле мртов со игла во рака – почина познатиот оскаровец


Американскиот актер и режисер Филип Симор Хофман (46) е пронајден мртов во својот дом, а причина за смртта најверојатно е предозирање со наркотици, пренесоа американските медиуми.

its-official-philip-seymour-hoffman-cast-in-the-hunger-games-sequel-catching-fireТелото на актерот го пронашол во бањата во неделата наутро неговиот личен асистент, пренесува Волстрит Журнал.

Како што соопшти полицијата, причината за смртта допрва треба да се утврди. Меѓутоа како што неофицијално се дознава, актерот веројатно умрел од последиците на предозирање со дрога, со оглед на тоа што во неговата рака имало забодена игла.

Тој веќе некое време се борел со звисноста, а минатата година дури и се пријавил во клиника за рехабилитација и одвикнување од хероин.

Актерот зад себе ја остави партнерката – костимографката Мими О Донел и нивните 3 деца.

Глумеше во многу познати филмови и серии. А доби оскар за главна улога во филмот Капоти од 2005 година каде го толкуваше ликот на контраверзниот писател Труман Капоти

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1