Трагедија: Загинатиот скопјанец ја носел сопругата на породување – родила девојче


Триесет и три годишниот Блаже И. кој загина вчера во сообраќајната несреќа кај Мавровка, ја носел 21-годишната сопруга И.С. на породување, пишува Курир.

soobrakjajka mavrovkaСпоред информациите починатиот поради болките кои ги имала неговата сопруга возел со пуштени четири трепкачи, а покрај него и сопругата во автомобилот била и неговата мајка и семеен пријател.

Неговата сопруга која беше тешко повредена во несреќата била префрлена на Клиниката за гинекологија и акушерство каде е породена и на свет донела девојче, а состојбата во моментот и е стабилна.

Во сообраќајката учествуваа три патнички возила и четворица пешаци, а повредени беа седум лица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1