Хемиски траги и запрашување со непознати супстанци или испарување од млазните мотори? Ова е дилемата која извесен период ја поставуваат жителите на Македонија кога ги гледаат долгите траги на небото.
Патничките авиони кои летат во воздушниот простор над Македонија се почесто оставаат долги траги за чие потекло има повеќе теории. Едните ја застапуваат тезата дека тоа се обични траги додека за други тоа се “кемтрејлс”, односно остатоци од прскање со хемикалии.
За расчистување на дилемите Сител разговараше со неколку есперти од воздухопловството кои сметаат дека воопшто не станува збор за испуштање хемикалии од авионите, туку трагите директно зависат од метеоролошките услови во тој момент.
Експертите сметаат дека и да постои хемиско прскање како што тврдат дел од луѓето, таа супстанца со оглед на силните ветрови и ниските температури никогаш нема да ја достигне целта.
Иако теоријата на хемиски траги не е поддржана од научната јавност сепак голем е бројот на луѓе кои сметаат дека белите ленти што авионите ги оставаат зад себе содржат биолошки и хемиски агенси пуштени на големи висини далеку од очите на јавноста.
Сител.мк