ТРАГИЧЕН ИСХОД ОД ПРОСИДБА НА ИБИЦА: Скокала од среќа, паднала и загинала


Голема трагедија им се случила на двајца несудени младенци  на видиковецот на познатиот шпански остров Ибица, кога една девојка го изгубила тлото под нозете откако скокнала од воодушевување поради запросувањето од страна на нејзиното момче.veridba2-620x350

Димитрина Димитрова (29) претрпела срцев удар кога паднала во провалија длабока 20 метри од една карпа кај хотелот „Кала Тарида“.

Кога медицинската помош пристигнала на видиковецот на западот на Ибица, Димиторова се уште била жива но починала по извесно време. Извори за медиумите велат дека момчето на Димитрина работело како келнер на островот, а таа му се придружила на островат два дена пред трагичниот настан.

Оваа вест за падот на девојката на Ибица доаѓа само по неколку дена откако на сличен начин скокнал и Британецот Гарет Џоунс (25), кој паднал во провалија гледајќи го изгревањето на сонцето во близина на Сиднеј.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1