Трагичен крај: Мајката монструм ја оствари заканата – го уби својот син


Полицијата го пронајде телото на петгодишното момче, кое беше киднапирано од страна на сопствената мајка. Потрагата сега е насочена кон мајката и автомобилот.

Полицијата објави дека го пронашле телото на детето, исчезнатиот Патрик Фогадиќ (5), во езерото во близина хидроцентралата Марине Прелог.valentin-fogadic-ivana-i-patrik-nestali-foto-printskrin-nestalihr-i-fb-1436267092-695937-1-620x400

На земјениот насип, висок половина метар може да се забележат трагите од ударот, а 30 метри подолу има препознатливи траги од слетување и делови од автомобилски амортизери.

На езерото беше присутен и таткото на Патрик, Валентин Фогадиќ, истрчал на брзина од возилото на брзата помош и скокнал во езерото, викајќи: “Патрик! Патрик!”.Screenshot_147

Ивана Фогадиќ (29) во понеделникот исчезна со својот син Патрик, претходно оставајќи порака на социјалната мрежа фејсбук со што би можело да се сугерира на констатацијата дека ќе го убие синот и себе си.

Цел Балкан на нозе: Мајка го киднапирала синот и сака да го убие!

Ивана заедно со Патрик во понеделникот во 2 часот наутро со автомобил марка Opel Astra, регистарски таблички 783 TC-GC, го напуштила семејниот дом во Тотовац во близина Чаковец. Последната нејзина локација била забележана преку телефонот кој го користела во близина на Ораховац.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1