Трагичната судбина на Давиде Астори- малата Виторија не стигна да го запамти својот татко


Давиде Астори, италијански репрезентативец и капитен на Фиорентина, утрово беше пронајде мртов во хотелска соба во Удине, пред екипата да замине на мечот со Удинезе, што предизвика вистински шок во фудбалскиот свет, не само во неговата земја, туку и пошироко.

стори пред 31 година е роден во Бергамо, каде играше за локалниот тим Пинтосоло, пред да премине во Милан во 2006-та година. Две години подоцна се пресели во Каљари, каде и се стекна со фудбалска слава, одигрувајќи 174 натпревари за истоимениот клуб, кога е и за првпат повикан во селекцијата на „аѕурите“, за мечот против Украина во 2011-та година.

Поради лојалноста кон Каљари, Астори одби да премие во московски Спартак за 15 милиони евра. Меѓутоа, заљубен во Италија, од 2013-та година и во две години постарата Франческа, која работеше како фото модел, Давиде Астори реши да не го менува работното место премногу драстично.

Рома сакаше да го откупи неговиот договор, но успеа да го добие само „на позајмица“ во 2014-та година. Ден пред неговиот перманентен трансфер во Рома, Астори отишол кај раководството на Каљари и порачал: „Не би сакал да си одам од тука“. Ден пред „веќе виденото“ заминување во Рим, ја продолжи верноста кон клубот.

Нешто подоцна, Фиорентина успеа да го позајми, потоа и откупи, а тој започна да ужива во Фиренца, каде заедно со Франческа ја добиваат ќеркичката Виторија, која е родена пред година ипол, за разлика од информацијата за „трагичниот крај две недели откако станал татко“. Виторија е единственото дете на овој брачен пар.

Давиде Астори толку добро играше за Фиорентина, што си обезбеди сигурно место во италијанската репрезентација и стана капитен на „виолетовите“. Со капитенската лента на својата рака, Астори требаше да го поведе својот тим во 15 часот на мечот против Удинезе, но утрово во хотелската соба во Удине беше пронајде мртов, и тоа, според првичните информации, по срцев удар кој му се случил додека спиел.

-Не се појави на доручек, па го побаравме…“, раскажуваат со неверување неговите соиграчи, чиј меч веднаш е откажан, како и целото коло во Серија А, вклучувајќи го и миланското дерби меѓу Милан и Интер.

Но, не останаа во шок само во Фиорентина, чиј клупски директор веднаш се огласи дека сите фудбалери се редовно медицински контролирани, и тоа детално. Жалат за него и големите имиња на светскиот фудбал, како Џанлујџи Буфон, кој со заедничка фотографија порача „Чао, мил Асто“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1