Трагично заврши матурската прослава – Ова е загинатото момче, 4 другари повредени


Во несреќата, возачот од здобиените повреди починал, една негова сопатничка се здобила со потешки, а останатите тројца сопатници со полесни повреди.

egzon344_0Матурската прослава за петмина тетовски гимназијалци завршила трагично откако возачот 19 годишниот Егзон Ц. од Теарце загубил контрола на џипот Тојота со кој се враќале од забавата по што возилото се превртело на клучката на влезот во Тетово од страна на Гостивар. Во несреќата возачот од здобиените повреди починал, една негова сопатничка се здобила со потешки а останатите тројца сопатници со полесни повреди. Тешката сообраќајна несреќа се случила утрово околу 6 часот и 30 минути.

-Од излетувањето и превртувањето, возачот задобил тешки телесни повреди од кои набрзо починал, а со тешки повреди завршила и 19-годишната сопатничка Б.И од Порој, која по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница итно е пренесена на скопските клиники. Според последните информации со кои располага СВР Тетово таа е надвор од животна опасност. Другите тројца сопатници А.Р (19) од Пршовце, Л.К (19) од Тетово и Ј.С (19) од Теарце задобиле лесни повреди и по укажаната помош во тетовската клиничка болница пуштени се на домашно лекување – изјави Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата и јавниот обвинител извршиле увид на местото од сообраќајката и работат на расчистување на причините што довеле до неа. Јосифовски уште еднаш го повтори апелот до матурантите да не користат возила за време на нивните матурски прослави.

Канал5.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1