Трамп: Ким Џонг-ун е луд човек со нуклеарно оружје


Претседателот на САД Доналд Трамп изјави во телефонски разговор со претседателот на Филипините Родриго Дутерте дека севернокорејскиот лидер Кин Џонг-ун е „лудак кој има нуклеарно оружје“.

Според транскриптот од разговорот, кој го објавија американските медиуми Трамп му рекол на Дутерте дека поради тоа на севернокорејскиот лидер не смее да му се дозволи да се однесува како што сака.

– Ние имаме голема оружана моќ, поголема од него 20 пати, но не сакаме да ја употребиме – рече Трамп, наведувајќи дека Пентагон во корејското подрачје упатил две нуклеарни подморници минатиот месец.

Трамп побрал од Дутерте мислење за личноста на Ким, на што филипинскиот лидер одговорил дека „умот на нивниот колега од Северна Кореја не функционира и оти тој би можел да побудали во еден момент“.

– Ким Во своите раце има опасна играчка, која би можела да создаде голема агонија и страдања за целокупното човештво – рече Дутерте.

Трамп побара од филипинскиот лидер да го повика претседателот на Кина Кси Џинпинг да изврши притисок врз севернокорејскиот лидер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1