Трамп му пиша на Тачи – бара да се договори со Србија


Американскиот претседател Доналд Трамп му пратил писмо на косовскиот колега , Хашим Тачи во кое го повикува да стори се за да постигне траен договор со Србија.

Писмото од Трамп , Тачи го објави на својот профил на Твитер. Србија и Косово во 2013 се обврзаа дека под покровителство на ЕУ ќе ги решат сите отворени прашања , но тоа не е направено.

,, Доколку не се искористи овој историски момент , ќе биде трагичен чекор наназад , бидејќи нова прилика за целосен мир наскоро нема да се укаже.” напиша Трамп во писмото на Тачи.

,,САД навистина многу вложи во успехот на Косово како независна суверена држава” истакна Трамп .

Српските медиуми , повикувајќи се на извори од кабинетот , објавија дека писмо со речиси иста содржина добил од Трамп и претседателот Александар Вучиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1