Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп нема да врши притисок за продолжување на истрагата против Хилари Клинтон за користењето на нејзиниот приватен сервер за мејлови додека била државен секретар и во врска со фондацијата Клинтон, изјави Келиен Конвеј, советничка на Трамп.
– Мислам дека кога новоизбраниот претседател ќе каже дека не сака да продолжи со обвинувања, тоа е силна порака, тон и содржина за колегите републиканци – изјави Конвеј во интервју за Ем-Ес-Ен-Би-Си.
Таа доаде дека Клинтон мора да се соочи со фактот дека мнозинство Американци не ја сметаат дека е искрена или доверлива.
За време на предизборната кампања Трамп се закануваше дека доколку победи на изборите ќе ја испрати Клинтон во затвор