Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на својот Твитер профил објави неколку шокантни снимки од исламистичко насилство низ светот.
На една од снимките се гледа група луѓе како тепаат момче и го фрлаат од покривот на зграда, на друга муслиман крши статуа на Богородица, а на третата маж за кого се вели дека е муслимански мигрант крвнички тепа холандско момче кое оди со патерици.
Снимките беа објавени од Твитер профилот на Џајда Франсен (@JaydaBF), потпретседателка на британското националистичко движење Британија Прва. Движењето ги обвинува британските власти дека вршат исламизација на нивната земја и редовно учествува на изборите во Велика Британија, досега без поголем успех. Франсен му се заблагодари на американскиот претседател што ги преобјави нејзините коментари.