Трамп прогласи вонредна состојба


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи вонредна состојба за да добие пристап до милијарди долари за изградба на ѕид долж границата меѓу САД и Мексико и потпиша декларација за ова прашање.

Трамп претходно денеска во телевизиското обраќање изјави дека ќе ги искористи извршните овластувања за да го заобиколи Конгресот, кој одобри многу помалку пари за ѕидот отколку што побара тој.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс на Твитер напиша дека Трамп вечерва ја потпишал декларацијата за воведувањето на вонредна состојба и постави фотографија од претседателот на бирото како го потпишува документот.

Причина за ваквиот потег, како што рече Трамп, е дека сакал да ја заштити земјата од наркотици, криминал и илегални имигранти, кои влегуваат од Мексико, преку југозападната граница на САД, што, според него, е голема закана за националната безбедност.

Со мерката да прогласи вонредна состојба на границата, Трамп ќе има околу осум милијарди долари, што е многу повеќе од 5,7 милијарди долари, колку што одобри Конгресот.

Одлуката на Трамп да прогласи вонредна состојба на границата, веднаш беше осудена од бројни демократи и некои републиканци, кои сметаат дека ја злоупотребил положбата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1