Траорни сведоштва на преживеаните од поплавените реони – она што го граделе цел живот го изгубија за три часа


Во кал до гуша без вода и покуќнина, неподвижен старец и бебе старо само еден месец се дел од семејството Кипеви чија куќа настрада во поплавите. Невремето ги затекнало жените и децата со дедото инвалид кога водата почнала да навлага во домот. Преку прозорци и врати со голема брзина се зголемувало нивото на кал и вода во куќата.bebe poplavi

И семејството … остана само со спомени од домот кој пред само една година целосно го реновирале. Едвај спасиле жива глава само гледале како да ги извлечат трите дечиња од поплавата. Најмладите трауматизирани од невремето само врискале по родителите да ги спасат бидејќи се дават. Вода, кал и фекалии ја преполниле куќата. Велат децата сега се кај роднини и сеуште неможат да го заборават хоророт кој го доживеале а во куќата со распукани ѕидови полни смет и кал и пропаднат кров повеќе нема услови за живот.

Бабата едвај ја спасил сопругот од давење. Успеала да се поткачи на стол кој го донел водата и да земе воздух се додека не завршила бурата. Велат ова е единственото нешто што останало од домот кој тула по тула го граделе постепено од 77 година.

На улица 6 куќите кои се до обиколницата и каналот се целосно уништени.

Потресителни се и сведоштвата на жителите од Стајковци кои живеат до нивата каде загинаа патници кои водата ги исфрли од обиколница. По невремето гледале загинати луѓе како се обидувале да се спасат фатени до оградата . Лешови се најдени и по дворовите на селаните. Во поплавата загина и 12 годишно момче а од него семејството и роднините се збогуваа денеска.

Смртоносната бура остави само пустош и надеж во селата. Потресна е и судбината на семејството чија куќа сеуште војската ја спасува од распаѓање. Таткото на домаќинката доживеал срцев удар расчистувајќи го калот од домот и болата и тагата за судбината на ова 6 члено семејство со три дечиња.

Екипи со багери , војска и пожарникари сеуште црпат вода и талог од отпад од куќите во Стајковци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1