ВАЖНИ СОВЕТИ: Информирајте се за временските услови пред да тргнете на пат и возете смирено


Невремето кое ја зафати целата територија на Република Македонија предизвика многу сообраќајните незгоди и хаос на улиците кој возачите неколку часа го преживуваа на сообраќајниците. За да се спречат сообраќајните незгоди во лоши временски услови Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува како возачите да постапат кога има невреме

Возачите да возат смирено без да дозволат временски услови и неприлики да предизвикаат паника.06082016233530_web_obikolnica1

Начинот на возење да биде прилагоден со условите на патот и внимателно да се следат сообраќајните знаци или вонредната сигнализација.

Да се вози многу претпазливо, посебно во деловите од градот каде што има подвозници, во близина на градилишта, одводни шахти, речно корито или на места каде што се врши реконструкција на пат/улица.

Потребно е да се одржува зголemeno растојание помеѓу возилата, но и возачите да го забават возилото доколку е тоа потребно за да се избегне лизгање на возилото.

Кога видливоста е слаба да бидат вклучени долгите светла и да се дава навремено знак доколку возачот застанува или преминува во другата лента. Наглото застанување може да предизвика незгоди на патот.

Да се избегнува возење во длабоки вирови, но доколку е неопходно возење низ нив, да се намали брзината.

Дождот во комбинација со јак страничен ветер може да ја смени насоката на движење на возилото и заедно со надојдената вода да го истурка возилото. Во тој случај потребно е намалување на брзината, цврсто да се држи управувачот за да се избегне изенаден удар на страничен ветер по излегување на отворен пат.

Во вонредни услови кога се најавува дожд или пак невреме не возете сами доколку е непотребно.

Мобилниот телефон да е со наполнета батерија и на брзо бирање да имате број некој близок кој ќе може веднаш да ви дојде на помош.

Возачите да се информираат за условите на патот и за временската прогноза пред да излезете од дома.

РСБСП се вклучува во активностите кои ги преземаат институциите за помош на настраданите лица во полавите и за помош на семејствата на жртвите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1