Еден ден, една шивачка седела покрај реката и напрстокот и паднал во водата. Таа заплакала, а господарот кој тогаш поминувал ја прашал:
„Драго дете, зошто плачеш?“
Таа му одговорила дека напрстокот и паднал во реката, а и е потребен затоа што му помага на сопругот да заработи пари и да го издржува семејството.
Господарот ставил рака во водата и извлекол златен напрсток со сафири.
„Дали е ова твојот напрсток?“ – прашал господарот.
Кројачката одговорила: „Не.“
Господарот повторно ја спуштил раката во реката и извлекол златен напрсток со рубини.
„Дали е ова твојот напрсток?“ – пак ја запрашал.
Кројачката повторно одговорила: „Не.“
Господарот повторно ја брцнал раката во водата и извадил кожен напрсток.
„Дали е ова твојот напрсток?“ – прашал.
Кројачката одговорила: „Да!“
На господарот му било драго што жената била искрена па и ги дал сите 3 напрстоци и жената си отишла дома среќна.
Неколку години подоцна, кројачката шетала покрај реката со својот маж. Тој се сопнал, паднал во реката и исчезнал под водата.
Жената почнала да вика и повторно Господарот се појавил – „Зошто бараш помош?“
„Ох, Господаре, маж ми падна во реката!“
Господарот скокнал во реката и го извлекол Џорџ Клуни.
„Дали е ова твојот маж?“ – ја запрашал.
„Да!“ – извикала кројачката.
Господарот многу се налутил: „Лажеш, тоа не е вистина!“
Кројачката му одговорила: „Ох, простете ми. Тоа е недоразбирање. Видете, да речев „не“ за Џорџ Клуни, вие ќе го извлечевте Бред Пит. Потоа кога ќе кажев „не“ и за него, ќе го извлечевте маж ми. Кога ќе ви кажев „да, тој е“ вие ќе ми ги дадевте сите тројца.“
„Господару, јас не сум најдобра со здравјето и не би можела да се грижам за сите тројца, затоа реков „да“ за Џорџ Клуни.“
Така Господарот и дозволил да го задржи Џорџ.