„Тренд“ е затворен за неиздавање фискални сметки


Во врска со текстот „Тренд“ затворен поради логото на Аеродром на шеќерчињата?“, објавен на интернет порталот Република, Управата за јавни приходи излезе со реакција на, според нив, неточното презентирање и искривување на информациите за работењето на УЈП.

„Информираме дека поради утврдени неправилности во деловниот објект, односно констатирано нерегистрирање на готовинскиот промет и издавање сметки од паралелен компјутерски систем кој не е поврзан со ГПРС системот на УЈП, донесено е времено решение со кое на даночниот обврзник му се забранува вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена, и изречена е глоба од 4550 евра за сторен прекршок согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања“, соопштија денеска од УЈП.

Потсетуваме дека засилениот мониторинг се спроведува низ цела држава, не само на одредени локации, а затворени се и други познати угостителски објекти. Дополнително на предупредувањата, пред два месеци беше најавен засилениот мониторинг на готовинскиот промет и контролите од страна на Управата за јавни приходи. На таа прес конференција меѓу останатото се укажа дека употребата на апарати кои не се фискализирани е кршење на Законот за регистрирање на готовински плаќања“, соопштија од УЈП.

И слаткарницата „Палма“ во скопската населбa Аеродром е привремено затворена по инспекциски надзор од Управата за јавни приходи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1