Трет пат раѓа близнаци и тоа идентични – има 4 сина и сега 2 девојчиња (Фото)


Карен Роџер од Шкотска по трет пат родила близнаци и тоа еднојајчани. Карен (41) и нејзинуот сопруг Колин (44) веќе имаат 4 сина кои се веќе тинејџери, а сега добија две девојчиња – рекле дека се пресреќни и возбудени.

-Се уште не можам да верувам. Никогаш не сум помислила дека би можела пак да имам близнаци – рекла Карен.

Девојчињата Роуан и Ајсла се родиле со царски рез. А дома ги пречекаа нивните браќа близнаците Луис и Кајл кои имаат по 14 години, и Фин и Џад кои имаат по 12 години.

Trojke2

Мајката е инструкторка по танц и бремена останала по природен пат. Кога му јавила на таткото дека повторно чекаат близнаци мислел дека се шали и го задева, а сега вели дека е пресреќен и ќе мора да купи автомобил со 7 седишта, а семејството веќе размислува и за поголема куќа.

Можноста 3 пати да се добијат еднојајчани близнаци  докторите и ја прогнозирале како 1 наспрема 500.000.

б

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1