Се расчистува дното и се подготвува теренот за втемелување на објектот.
Третата галија е лоцирана спроти Археолошкиот музеј, помеѓу мостот „Око“ и Мостот на уметноста. Овој туристичко-угостителски брод, за разлика од другите два, кои се замислени само како ресторани, ќе има и дел што ќе функционира како хотел.
Тој ќе поседува и систем на хидраулика што ќе го крева и ќе го спушта објектот во зависност од водостојот на реката. Бродот ќе биде долг 35 метри, а широк 15 м. Хотелскиот дел ќе содржи 16 соби и два апартмани.
Над палубата ќе се издигне триесет и петметарски јарбол на кој ќе се вее знаме. Иако целата конструкција на објектот ќе биде метална, таа однадвор ќе биде обложена со дрво.