Продолжува серијата летни бури што го зафатија Балканот – српскиот Хидрометеролошки завод за денеска прогласи тревога во најголемиот дел од земјата, освен во Војводина.
Под портокалова трегова се регионот на главниот град Белград, потоа Срем, Шумадија и долината на реката Морава, додека југот на Србија е под жолта тревога.
Метеролозите предупредуваат на опасност од интензивни дождови и грмотевици во текот на вечерта и ноќта.