тргнал преку 6 држави да ја запроси девојката, бил убиен од бездомник!


Во средината на минатиот месец 32 годишниот Кевин Адорно тргнал со велосипед од Мериленд кон Мајами за да ја запроси својата девојка Елијас. Пред три дена бил убиен од бездомник!

adorno1Во понеделникот Кевин застанал да се одмори од возењето во Флорида, да руча во Мекдоналдс и да го наполни мобилниот. Околу 21 часот излегол од ресторанот да телефонира, и тогаш бил нападнат.

Според полицијата, тој бил избоден со нож од бездомник во рацете и во градите. Починал поради преголема загуба на крв. Бил пронајден во тешка состојба, а починал во болница.

Осомничен за убиството е 59 годишниот Рене Херера Круз кој во полиција изјавил дека го нападнал младиот човек зашто бил уверен дека тој го фотографира и ги праќа фотографиите на луѓе кои сакаат да го убијат!

 

Screenshot_72
Кевин требало да се сретне со својата девојка по пат, за заедно на велосипеди да пристигнат во Мајами каде тој сакал да ја запроси.

 

Неговиот романтичен план заврши трагично.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1