Тргнале да го тепаат Стевче Јакимовски – тој куртулил, настрадала општината – уапсени се (Фото)


Маскирани лица му приготвувале непријатно изненадување на Стевче Јакимовски. Со автомобил дошле до општина Карпош опремени со палки и спрееви и се обиделе да стигнат до неговата канцеларија за да му дадат ќотек, јавува Прес 24.

stevce karpos1Општинското обезбедување се обидело да ги спречи па дошло до инцидент на влезот на општинската барака во дворот на основното училиште Лазо Трповски. Насилниците биле решени да го пробијат обезбедувањето па успеале да го скршат и стаклото од влезната врата. Кога стигнале во ходникот непосредно пред канцеларијата на градоначалникот извадиле црн спреј и ставиле потпис на ѕидовите и на скапата уметничка слика, пишува Прес24

Пред да успеат да стигнат до врата на првиот човек на ГРОМ интервенирала полицијата и успеала да ги приведе.

Напаѓачите се идентификувани како Светомир и Илија, едниот на возраст од 32 а другиот 29 години. Во нивниот асвтомобил се пронајдени предизборни материјали за СДСМ и Стево Пендаровски. За нив е поднесена кривична пријава за насилство.

8e6c9942839dc6a8e5db49084b6c893351d61de8f867ed6cf01d9beec4c5adcb_0

b5b513e50641e7ff39d511e92b7b42273cd1b22e0f52f2e893b3ca353aacec32

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1