Трговските центри во Словенија вишокот храна им го даваат на сиромашните


Три трговски ланци во Словенија ја прифатија иницијативата храната која поради строгите санитарни прописи би завршила во контејнер за отпадоци, но се уште е употреблива за исхрана, да ја наменат за бездомниците и сиромашните семејства, јави Танјуг.

Supermarket-001На Иницијативата на „Лајонс клубот“ од Цеље и се приклучија трговските ланци „Меркатор“, „Туш“ и „Спар“, кои ќе ја даваат храната на активисти, кои потоа ќе ја делат на оние кои не можат да ја купат во Цеље, Марибор и Трбовље.

Програмата „Вишоци храна“ наскоро ќе се прошири и на Копар, Љубљана, Ново Место и Крањ, пишува љубљабнскиот весник „Дело“.

Станува збор за храна на која тој ден и истекува рокот на употреба – леб, печено месо, салати, овошје и зеленчук, сендвичи, млеко и млечни производи, а се доставува на местата за бездомници, сигурни куќи и други хуманитарни установи, како и на сиромашните семејства со повеќе деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1