Да сум дал тендер на близок ќе си поднесев оставка – сопственикот е сменет по добивање на тендерот


Јас да сум склучил договор со некој со кој имам конфликт на интерес, да сум дал тендер на некој кој е директно поврзан со мене, како брат, братучед, татко, јас без размислување дента ќе си поднесев оставка. Ова го истакнува министерот за здравство во изјава за Канал 5 телевизија, пренесува Курир.

tttttodorov-kanal5-Распишавме меѓународен тендер на кој имаат учествувано голем број на компании, од Македонија и странство. На јавната аукција учествуваа две компании. На едната од нив управител е извесен Марко Петровиќ, а тоа е компанија со еден сопственик.Така е поднесена понудата, така е организирана електронската аукција и така е склучен договорот. Со компанија каде основач и директор е едно лице. Промената е направена после 6 месеци. Тогаш во сопственичката структура е влезена друга личност, тоа е она што јас го карактеризирав како неетички, истакна министерот.

Нема никаков судир на интереси, вели Тодоров, а за своите постапки секој треба да си одговара.

-Секој одговара за сопствените постапки, јас одговарам за своите. Тоа е дека сум склучил договор во една законска процедура , со фирма која има еден сопственик и основач со кој што немам апсолутно никаква врска. Во законот за јавни набавки е превидено дека пред склучување на договорот и отпочнување на постапката се дава изјава за судир на интереси. Ниту некој од комисијата, ниту јас имаме некаков судир на интерес со компанијата која учествувала на тендерот  и со која имаме склучено договор, рече министерот.

Целата изјава на Никола Тодоров, во вестите на Канал 5, погледнете ја во видеото во продолжение…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1