Германецот Hans Jirgen Topf буквално го знае прљавиот веш на музичките ѕвезди. Како сопственик на пералната “Rock’n’roll Laundry” веќе 30 години ја пере сценската гардероба на ѕвезди како “Deep Purple”, “Scorpions”, “AC/DC”, “Slipknot”, а негов муштерија била и Мадона.
Ханс е роден во Ludvigshafenu каде неговите родители имале перлна. Во 1977 година пред таа мала перална застанал автобусот на Тед Нуџент кој бил на турнеја.
Ханс видел дека залутале и им покажал каде да одат. Менаџерот благодарен му дал карти за концертот, а на враќање од трунејата свратиле токму во нивната перална да го исперат вешот.
Менаџерот на Тед му дал совет ,, направи исто и со другите бендови,, Ханс го послушал отишол на следниот концерт што бил во градот и им рекол дека радо ќе ја испере нивната гардероба во замена за бесплатни карти.
Следни биле “Meat Loaf”, па “Deep Purple”, “Scorpions”… на сите им одговарало што некој сака да ја одработи таа валкана работа. Ханс сватил дек најдобро би било да патува со нив.
Денеска има своја перална каде ја пере гардеробата за мјузиклот Бетмен, потоа на славниот циркус Sirk di Solej, а дури патувал и со Мадона на трунеја низ Европа и САД. Вели дека не е лесна работа бидејќи перењето на скапата гардероба на познатите бара многу внимание.
,, еднаш менаџерот на Ролингстоунс ми рече води сметка ова се панталони на Кит Ричардс. Pol Mekartni и Pink секогаш бараат нивната гардероба да се пере со неоргански детергент. ,, раскажува Ханс
Имал и лоши искуства. Членовите на бендот Slipknot на концертот н Rock am Ring фестивалот во 2005. година користеле вештачка крв, сос и пиво со кое се поливале на сцена, потоа облеката ја ставиле во кеса и ја заборавиле во автобусот.
Angus Jang од “AC/DC” го прашал за совет како да ја отстрани дамката од трева нанеговите панталони, некогаш се случувало во џеповите од панталоните да пронајде и дрога – ,, но тогаш правилата се јасни,, вели Ханс.
,, Морам веднаш да го фрлам тоа во WC шоља,, еднаш нашол 6000 гермнски марки. Му ги вратил на менаџерот, а за возврат добил маица.
Продолжува со работата – жали што немал прилика да работи со Битлси, но вели никогаш не се покајал што го послушал советот на менаџерот на првиот бенд кој залутал крај неговата перална.