Видео: Tунел во зграда, дрво, под вода – најнеобични тунели во светот


Тунели се креација на човекот, а користат за да се помине низ планини и ридови. Сепак, постојат тунели низ целиот свет, кои имаат еден необична цел, изглед или локација. Еве дел од нив кои сами по себе се уникатни.


Тунелот Лог во Калифорнија, САД-
Тунелот „Лог“ е всушност огромно срушено стебло кое се наоѓа преку патот во Националниот парк Секвоја во Калифорнија. Дрвото со висина од 84 метри и должина од 6,4 метри поради невреме паднало на патот во 1937 година.  Наредната  година направен е тунел преку дрвото. Високо е 2,4 метри а широко 5,2 метри.

Тунел низ зграда во Осака, Јапонија –
Една од најневообичаенте објекти во Јапонија е „Gate Tower “ во Осака. Оваа зграда е резултат од еден необичен компромис меѓу сопствениците на земјиштето и на Јапонската влада. Петтиот, шестиот и седмиот кат на зградата е тунел и дел автопатот!

Тунел на љубовта, Клевен, Украина

Една од најубавите тунели во светот се наоѓа во близина на градот Клевен во Украина и е наречен „Тунел на љубовта“. Ова е тунел од стебла, а низ него поминува железничката пруга. Во оваа област овој тунел стана главна атракција но и едно од најубавите места во Украина. За време на летото дрвјата раззеленуваат и прават  зелен тунел долг речиси еден километар.

Тунелот Рок во Калифорнија, САД

Овој тунел се наоѓа на влезот во Националниот парк Секвоја во централна Калифорнија. Големиот Гранитен камен бил направен во 1983 и служел како вистински тунел под кој поминувале автомобили, а денес, тој е само премин за пешаци – посетителите на националниот парк.

Тунелот „Океанографик“ во  Валенсија, Шпанија
Морскиот парк „ L’Oceanografic“ во Валенсија  вклучува и подводен тунел долг 70 метри и посетителите претставува вистинска авантура. Тунелот е во вода и е осветлен со рефлектори.

Тунелот Гуолианг во Кина-
Величествениот тунел во планината Таианг бил изградена од страна на 13 локални жители, предводени од Шен Мингџин, а за тоа им беиле потребни пет години. Тунелот е отворена за сообраќај во 1977година, долг е 1200 метри, висок околу пет метри широк и четири метри. Тунелот минува меѓу страничниот дел на планината има дупки и изгледа како планината да има прозорци.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1