Фото/ Видео: Лекарите во Градска се борат за животот на повредените во струмичкиот пожар


Четворицата тешко повредени во пожарот кој денеска ја зафати Струмица пристигнаа во Градската болница во Скопје. Според информациите од лекарите едно лице е во многу критична состојба со над 90 насто изгореници на телото и лекарите се борат да го спасат неговиот живот.

Според директорката на Градската болница, Јасминка Чабуковска минимални се шансите тешко повредениот да преживее поради сериозноста и обемот на неговите изгореници.

Двајца од досега донесените пациенти се тешко повредени со по 80 насто изгореници, но реагираат добро на првично превземените мерки за стабилизација на нивната состојба, сеуште се во критична состојба, изјави директорката на Градската болница, Јасминка Чабуковска.

Последното донесено лице кое е исто така тешко повредено има над 70 насто изгореници по телото.

Пред Градската болница беше и Премиерот Никола Груевски и министерот за земјоделство кој се интересираа за состојбата на повредените.

Соработникот на mknews.mk Борислав Стоилковиќ беше пред Градската болница ќе ве информираме постојано за состојбата на повредените вработени во ЈП Македонски шуми во денешниот пожар во струмичко.

7 – те повредени деца – се со лесни повреди и се задржани на лекување во струмичката болница.

(се извинуваме поради лошиот квалитет на аудио снимката која за побрзо да ве информираме е снимена со мобилен телефон).

фото – Борислав Стоилковиќ

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1