На денешен ден се навршуваат три години откако во хотелска соба во Беверли Хилс почина една од најпопуларните пејачки, Витни Хјустон.
Витни почина на 48-годишна возраст, вечерта пред свечената церемонија на доделувањата на Греми наградите, а после низата шпекулации за причината за нејзината смрт, беше објавено дека пејачката се удавила во хотелската када, но дека за смртта придонеле и болеста на срцето и употребата на кокаин.
Витни Хјустон продаде околу 170 милиони албуми, а според податоците на Гинисовата книга на рекорди, пејачката освоила 415 признанија.
Боби Кристина Браун, ќерката на Витни Хјустон и Боби Браун е исклучена од апаратите околу 20 часот синоќа, а се проценува дека официјалната смрт ќе настапи во наредните часови.
Боби Кристина Браун (21), беше пронајдена пред неколку дена во када без знаци на живот.
Ја пронашол нејзиниот сопруг Ник Гордон околу 10.25 по локално време во кадата во нивниот дом во Розвел, Џорџија и веднаш и пружил прва помош додека не дошла полиција и брза помош која ја одвела в болница.