Три илјади адвокати пред одлука да ги блокираат судовите


Правна блокада се подготвува врз правосудните институции од страна на 3000 адвокати доколку Владата го одобри новиот предлог закон за нотаријат со кој се одземаат голем број на ингеренции на адвокатите, а им се даваат на нотарите, објави порталот Судство.мк.

Новото решение кое е подготвено од страна на Министерството за правда, предвидува адвокатите да се исклучат од сите постапки пред нотарот.

Од Адвокатската комора на Македонија според она што го пренесе порталот „Судство“ велат дека ваквиот предлог е неприфатлив, бидејќи претставува начин за целосно исфрлање на приватните исправи и составување нотарски акти како единствен начин.

Како за споредба, во Република Македонија има околу 300 нотари, а над 3.000 адвокати. Ако Владата ги одобри овие измени се претпоставува дека уште на самиот почеток без работа би останале 400 адвокати, додека во поголемите канцеларии би дошло до намалување на кадарот преку принудно отпуштање. Токму ваквите последици би ги приморало адвокатите да почнат со штрајк и бојкот на судовите кој може да трае со месеци а најголема штета би имале граѓаните и компаниите

Адвокат Александар Тортевски, во изјава за Судство.мк, појаснува дека ингеренциите на нотарите по светот главно се засноваат само на заверки на потписи, а кај нас, за да заработат нотарите повеќе, им се одземаат правата на адвокатите и им се даваат на нотарите.

– Државата исто така им отстапи дел од своите ингеренциина на правници нотари кои немаат судско искуство, надлежности што претодно ги вршеше преку судовите, со што им овозможи на нотарите да заработуваат дебели нотарски награди. Нотарскиот испит е само мал дел од правосудниот испит, а искуството кое адвокатите го имааат и го добиле по судници во секакви спорови, ниеден нотар не може да го добие од неговата удобна нотарска канцеларија, правејќи нотарски актови по терк за клиенти кои по сила на закон му ги носи државата,  вели Тортевски за “Судство“.

Според познавачите на оваа проблематика не јасно е зошто се носи овој предлог закон по само 12 месеци откако стапија на сила новите законски измени со кое е задолжително учество на адвокатот во постапките пред нотар.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1