Три безживотни тела денеска беа пронајдени во автомобил “застава 101“ покрај патот за Каменички вис кај Ниш, соопшти тамошната полиција.
Станува збор за семејство и се претпоставува дека мажот ги убил сопругата и детето, а потоа се самоубил.
Во автомобилот со регистарски таблички од Ниш, кој бил паркиран покрај самиот пат се наоѓале мртвите тела на таткото Р.С (1968г), мајката М.С (1979) и детето А.С (1996г)
Сеуште се врши увид на самото место, а се очекува и истражен судија, соопштуваат од српски МУП.