Три национални телевизии бараат да и се одземе лиценцата на ММИ


Министерството за култура итно да и ја одземе лиценцата на организацијата Македонска музичка индустрија (ММИ) и да се почне со измени на Законот за авторски и сродни права најмногу во делот на прибирање на средства од корисниците на овие услуги.

Ова се дел од барањата кои денеска на прес-конференција ги презентираа директори на националните телевизиски станици Канал 5, Сител и Алсат-М.

televizii

– Ако нашите барања не бидат остварени ние од 1 февруари до 15 февруари почнуваме со „проект 2013“, на трите национални телевизии, вклучувајќи ги и Сител 3 и 5 плус и сите локални и регионални телевизии кои се членки на Здружението на приватни медиуми, секој ден во 20:13 ќе го затемнуваме екранот и ќе даваме порака до гледачите дека едиснтвен виновник за минимизирање на музичкото творештво во Македонија е ММИ, рече Горан Глигоров, маркетинг директор во Сител телевизија.


nomusic3– Националните телевизиски станици Канал 5, Сител и Алсат-М, сите локални и регионални телевизии не се против авторските и сродните права на Република Македонија. Ние сме против начинот на кој сакаат истите тие здруженија да ги соберат средствата за наведените авторски и сродни права. Во име на трите национални телевизии и повеќе од 33 локални и регионални телевизии сакаме да укажеме протест против ММИ за непочитување на одредените членови од Законот за авторски и сродни права, потенцира Глигоров.

Тој посочи дека ако не ги остварат нивните права, по 15 февруари ќе истакнат ценовник за емитување на аудио визуелни дела на програмите на телевизиите. Ова, истакна Глигоров, го има секаде во светот, а средствата кои ќе ги собереме наредната година ќе ги донираме во хуманитарни цели.

Според него, само ММИ е одговорна за минимизирање на македонското музичко творештво во однос на музиката во Македонија.

min kultura

– Телевизиите не емитуваат фонограми, туку емитуваат аудио визуелни дела, а тоа се видеограми. ММИ има дисбаланс во нивниот тарифник од причина што сите телевизии не прават исти промет и не емитуваат иста музика. ММИ бараат еден ипол процент од прометот на телевизиите. Не верувам дека во свет некоја компанија или акционерско друштво ќе се сложи да ви дозволи еден ипол процент и да одвои средства од тековната година, а при тоа да не сноси никаков ризик и да нема никаков удел во компанијата, рече Глигоров.

Иван Мирчевски, директор во Канал 5 телевизија рече дека во тарифникот на ММИ се вметнати категории семкари, бурекџилници, кланици, јавни паркови, гробишта итн.

ivan_mircevski
– Доставивме писмо до Министерството за култура со наши предлози за измени на Законот и бараме унифицирање на категориите и на сите здруженија за колективно управување, истакна Мирчевски.

Директорката на Алсат-М, Бисера Јордановска Анастасиевиќ го цитираше став 2 од Законот кој гласи „Радиодифузерите се должни да обезбедат најмалку 30 проценти од емитуваната волкално инструментална музика да биде на македонски јазик или на јазикот на етничките заедници кои не се мнозинство во Република Македонија“.

– Тоа значи дека ако не емитуваме музика нема да емитуваме ниту домашна музика и никој не може да не присили на тоа, рече Јордановска Анастасиевиќ.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1