„Опсесија“ е песната со која Есма и Лозано одат на евровизија


Со одлука на  Македонската радио телевизија, официјално избрана е евровизиската песна со која Македонија со Есма и Влатко ќе биде претставена на изборот за песна на Евровизија во Малме, Шведска.

Неофицијално, темата во моментов е со работен наслов „Опсесија“ и е во етно-поп стил, јавува радио мк.

macedonia 2013

Премиерно ќе биде изведена на 27-ми февруари на МРТ. Како автори на нумерата се јавуваат Симеон Атанасов (син на Есма), кој е задолжен за музиката и Борче Нечовски, кој го напиша текстот. Песната ќе биде претставена во придружба на Биг Бендот и Народниот оркестар на МРТВ. Во рамките на специјалната емисија, покрај евровизиската нумера, Влатко и Есма ќе испеат во живо и дел од своите композиции.

„Опсесија“ ќе биде снимена и на англиски јазик, но во Шведска ќе се пее на македонски.

Извор – Радио мк

На Евровизија настапуваме 6-ти во втората полуфинална вечер
Албанија со „крадена“ песна на Евровизија – од Бајага (Видео)
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1