Најопасниот затвореник на Балканот – Ова е балканскиот Ханибал лектор (Фото)


Горан Котаран, убиец од Босанска Дубица, е еден од најопасните затвореници на поранешна Југославија. Тој во 2006 година беше осуден на 16 години затвор, а казната ја издржува во КПЗ Фоча – го нарекуваат балканскиот Ханибал Лектор.

Goran-Kotoran-Му се плашат сите по ред, од затвореници до чувари, па и обичните луѓе кои доаѓаат во посета. Тој е осуденик кого стражарите посебно го набљудуваат. Сам е во ќелијата, а поради безбедноста на останатите затвореници, околните ќелии се празни.

“Монструмот од Дубица” како што го нарекуваат, речиси никогаш не контактира со останатите затвореници, а стражарите кои го чуваат максимално се внимателни и подготвени на се. Доколку тој се обиде да направи било што, чуварите имаат право да пукаат во него.

Затворениците велат дека убиствата за кои е осуден се само дел од она што тој го има направено. Затворениците го нарекуваат и Ханибал Лектор- вели извор од затворот Фоча.

Неговиот татко, Душан Котаран, славата ја стекнал како шеф на подземјето, а за неговото име се врзува и трговијата со луѓе. Постојат сомневања дека тој поради тоа е убиен во декември 1999 година, во кафеана во Дубица, кога присуствувал и неговиот син Горан.

По смртта на татко му, Горан на 17 годинишна возраст заминал за Шведска кај мајка му. Таму извршил две убиства, а по психијатрискиот преглед бил депортиран во БиХ, со дијагноза на ментално болна личност. Бидејќи не бил хоспитализиран, за неговата состојба сведочела неговата баба Стана. Таа истакна дека по неговото враќање, ширел страв каде и да одел.

Goran-Kotoran -Не сакаше да оди во болница, па морав сама да го служам дури и кога без оперирана од жолчка.Често го менуваше расположението и се плашев од него. На луѓето од маалото им забрани да доаѓаат, а на мене ми викаше, ми го искрши телевизорот и телефонот-изјавила неговата баба откако го уапсиле.

Горан заедно со своите двајца полубраќа, беше уапсен под сомнение дека задавил две лица, Предраг Врбан (31), викан Педи лопов и Сеад Кануриќ (49), а телата

потоа ги сокрил во неговиот кокошарник. при апсење на тројката беа ангажирани стотина полицајци.

KPZПо неговото апсење полицијата во неговиот дом нашла две автоматски пушки, два минофрлачи, три бомби, повеќе пиштоли, ладно оружје, уред за ноќно следење, алат со кој биле закопани двајцата убиени, како и 490 таблети екстази и шприцеви за интравенско користење на наркотици.

Горан на судењето за себе рекол дека бил нормална личност, се додека пред негови очи не го убиле неговиот татко.

-Од тој момент, јас повеќе не сум ист- изјави тој, додавајќи дека живее за моментот кога ќе се сретне очи во очи со убиецот на неговиот татко.

Побарал и ново психијатриско вештачење со психијатар со кој би можел да комуницира како би се излечил – сакам кога ќе излезам да сум здрава личност, рекол тој. Но судијата рекол дека ова момче нема никакви двоумење пред да убие и убива со леснотија – осуден е.

Му остануваат уште 9 години во овој затвор кој важи за еден од нјобезбедуваните уште од времето на Југославија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1