Тригодишно дете излечено од СИДА (Видео)


Научниците успеале да излечат тригодишно дете од американската држава Мисисипи родено со ХИВ вирус. Детето од ХИВ вирусот се заразило уште во утробата на мајката.

Како што пренесува Associated Press, според извештајот објавен во New England Journal of Medicine вирусот кај детето не е веќе активен.

hiv sidaЗа случајот на детето беше објавено и во почетокот од годинава, но докторите кои работеа на случајот не сакаа да избрзуваат со заклучокот затоа што немаа направено соодветни тестови. Сега веќе и официјално пишуваат околу случајот, но предупредуваат дека ќе треба уште време за да бидат сигурни.

– Сакаме да бидеме внимателни. Велиме дека ова е ремисија, затоа што сакаме да го набљудуваме детето подолго време за да бидеме сигурни дека вирусот нема да се врати“ – вели докторката Кетрин Лузуриага која работи во универзитетот Масачусетс.

Докторот Ентони Фаучи кој е директор на американскиот Национален институт за алергии и инфекции се согласува дека не треба да се избрзува.

„Во најдобар случај детето е во ремисија. Возможно е да е навистина излекувано. Овде немаме јасна дефиниција за лек каков што е случајот со одредени типови на рак, каде после пет години можеме да бидеме релативно сигурни дека болеста нема да се врати“ – изјавил тој.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1