Трик со кој ќе ја исчистите пеглата од каменец и дамки


Загорени траги и собирање на камени наслаги се задолжителни проблеми кои не успеваат да ги избегнат ниту најквалитетните пегли за алишта. Сепак, доколку сакате вашата пегла да остане што е можно подолго како нова, еве едноставен трик

-1 до 2 лажички сол (било каква)
-цврста површина отпорна на високи температури (пример: подни плочки или мермерна даска)

peglaПостапка:

1. Пеглата наместете ја на најсилна температура

2. По површината отпорна на високи температури истурете сол

3. Кога пеглата доволно ќе се загрее ставете ја над солта и триете нанапред и наназад со лесен притисок врз подлогата, како да пеглате цврст, памучен материјал.

4. Изгаснете ја пеглата, оставете потполно да се излади и добро пребришете со влажна памучна крпа.

За да ја светнете можете да ја изрибате и со паста направена од сода и оцет. или само оспрскајте оцет и оставете 10 мин па пребришете, пеглата ќе светне

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1