Дупка проголта куќа – мајката и детето едвај се спасиле (Видео)


Гледав телевизија и одеднаш почувствував како целиот дом почнува да се тресе. Се стрчав кон синот и излегов надвор. За секунда се исчезна“, изјавила Анастасија Татарникова, жената која остана на улица кога нејзиниот дом пропаднал во дупка.

kuca-2Во градот Ридер на истокот во Казхстан, се создала дупка во земјата широка 70 метри и длабока 30 метри која проголтала една куќа во рок од неколку секунди. Локалните жители сметаат дека создавањето на дупка е последица од рудник кој се наоѓал во околината и дека постои опасност од нови рушења.

„Пред да ја отворам вратата да излезам забележав како се создава огромна дупка пред мојата куќа. Брзо се стрчав да го земам моето дете“, вели Анастасија.

„Кога го земав Кирил излегов надвор. За секунда подоцна целата куќа пропадна во дупка. Се исчезна, немам веќе ништо“, изјавила во шок Татарникова.

Раководството на Кизинца, компанијата која го води рудникот LLP Altin Tau Ist, не сакаат да ја коментираат оваа катастрофа која ј зафатила и пошироката околина. Властите евакуирале околу 480 локални жители за чии куќи се претпоставува дека следни ќе се срушат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1