Трикови за возење по снег


Ако веќе морате да седнете зад воланот по овој снег, прилагодите го возењето на условите во сообраќајот. Во овие услови морате да ги имате сите четири зимски гуми, не само поради законските обврски, туку и поради самата безбедност.
Многу е важно да ги почитувате ограничувањата на брзината, посебно во реони во близина на школите, пешачките премини, на раскрсници, кривини…
За време на возењето одржавајте безбедно растојание, пополека забрзувајте, благовремено и постепено забавувајте и избегнувајте нагли вртења. Бидете умерени и со педалот за гас, со кочниците и со управувачот. Нежното возење допринесува стабиност и управливост.
Доколку забележите дека сте ја изгубиле контролата на автомобилот и дека ништо што сте пробале не функционира, полеко нежно стискајте ја кочницата. Доколку сте заглавиле во снегот и гумите ви шлајфуваат, најдобро би било да ставите мрежи. Пред возењето проверете ги кочниците, акумулаторот, системите за ладење и греење, стаклото, бришачите, греалките за стакло и сите делови на возилото кои на ниски температури можат да создадат проблеми при возењето. Пред да се вклучите во сообраќајот исчистете го автомобилот од лед и снег, особено стаклата чија замагленост претставува вистински ризик за безбедноста во сообраќајот.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1