Триполи гори – МНР повикува на итна евакуација од Либија – Македонци досега не побарале помош


Поради обновените жестоки судири меѓу ривалските милитантни групи во Либија, Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги повика сите македонски државјани коишто престојуваат во оваа држава итно да ја напуштат земјата, а на оние кои планираат да патуваат во овој регион им препорачува да го одложат своето патување.

libija2

Затекнатите странски државјани во конфликтот во Либија имаат сериозни проблеми да ја напуштат земјата. Аеродромот во Триполи не е безбеден, бидејќи околу него се водат борби, а според информациите на странските медиуми веќе не било безбедно ни да се патува со автомобил кон соседен Тунис.

Надлежни за помош на македонските државјани кои евентуално се нашле затекнати од конфликтот се македонските амбасадите во Каиро и Рим, бидејќи земјава нема амбасада во Триполи.

„Досега ниту едно лице нема побарано помош на контактите во амбасадите во Каиро и Рим. Претпоставуваме дека има македонски граѓани во Либија кои работат преку странски фирми, но не располагаме со точен број, бидејќи не се запазуваат вообичаените процедури за пријавување на престој над три месеци во странство“, истакнуваат од МНР за телевизија Алфа.

Пред еден месец во Либија беше киднапиран македонскиот државјанин Милјазим Гафури од Боговиње. Тој бил вработен во италијанска градежна фирма. Гафури беше ослободен по реакција на Амбасадата на Италија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1