Трите бебиња во Франција починале од досега непозната бактерија


Причина за смртта на трите новороденчиња во Франција е нова досега непозната ентеробактерија, соопшти институтот Пастер, јавува допсиникот на МИА од Париз.

bebe alkoholСпоред Жан-Клод Мангуера од Институтот Патер, во кесите со перфузија за исхрана на предвреме родените бебиња во Шамбери била откриена една иста „ентеробактерија со потекло од животната средина, станува за нов вид, односно досега непозната микроба и која се уште нема име“.

Во исто време, отворена е судска истрага за намерно ставање во опасност по живот на трето лице, исто како и судска истрага против непознат сторител за убиство без умисла и производство на лекови без почитување на добрите пракктики, соопшти обвинителот од Марсеј Брис Робан, откако истата бактерија беше откриена во трите запечатени кеси од перфузијата која се покажа смртоносна за бебињата на крајот од минатата година.

Покрај овие три запечатени ќеси, во Лион беа анализирани уште шест други ќеси кои се покажале исто така заразени со истата микроба. Министерката за Здравство, Марисол Турен, појасни дека од микробата биле контаминирани вкупно 137 перфузии за новороденчиња, прозиведени на 28 ноември2013 и дистрибуирани во седум болници.

Владата притоа го суспендира производството во лабараторијата Марет, која ги произведе кесите за перфузија, се додека не се најде каде е направен пропустот и како дошло до контаминација на перфузијата. Покрај официјалната судска истрага се водат и други паралелни истраги од Националата агенција за лекови и Институтот за здраствено бдеење.

Овие перфузии се користат за интравенозна исхрана во педијатрија за прихранување на новороденчињата со мала телесна тежина или премноги слаби, тие содржат микро и макронутриенти кои се од големо значење за нивниот развој. Тие се употребуваат пред се на предвереме родените бебиња, чии дигестивни органи не се доволно развиени за да можат да го сварат мајчиното млеко.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1