Мајката на Дражен Петровиќ, Бисерка Петровиќ на неколку дена пред годишнината од неговата смрт, во интервју за српски „НИН“ откри малку познати детали од приватниот живот на кошаркарскиот ас.
– Дражен не беше за овој свет – изјавила Бисерка Петровиќ, која во интервјуто говори за детството на Дражен во Шибеник, за неговите љубови, односот кон војната во која се распадна Југославија, за пријателството со Владе Дивац.
– Дражен беше тивко, но весело дете. Го гледавме како кукла, како дете кое мора вечно да остане дете. Имавме потреба вечно да го штитиме, бидејќи како мал имаше ишчашени колкови, мораше уште од шест месеци да носи ремени. Но, ни тогаш не чувстуваше тага, играше со ремените. Како растеше, сфаќав дека имам дете кое не припаѓа на овој свет – раскажува Бисерка во интервјуто за „НИН“.
Дражен загина во сообраќајна несреќа во Германија на 7 јуни 1993 година.
– Се чув со него телефонски два и пол часа пред несреќатга. Вечерта околу 11 часот ми се јави телефонски еден женски глас и на лош хрватски јазик ми кажа дека Дражен загинал. Кога сфатив дека е тоа вистина, најверојатно од шок, истрчав на балкон. Сопругот ме спречи во последен час – раскажува мајката на Дражен.