Заев не оди во Брисел – му се налутил и на Хан, бил пристрасен и го бранел Груевски


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, пред седиштето на партијата, даде изјава дека нема да учествува на средбата што треба да се одржи на 10 јуни во Брисел.

Одлуката била поттикната од изјавата на еврокомесарот Хан, дадена во Вашингтон, во која тој вели дека ОБСЕ и ОДИХР позитивно ги оцениле минатите избори во Македонија.zaev

Во моментов е нејасно дали оваа изјава на Заев значи и прекин на преговорите во Скопје и во Брисел и дали е сè уште на сила договорот за предвремени избори.

„Изјавата во Вашингтон на Јоханес Хан, комесарот за проширување на ЕУ, содржи елементи на пристрасност и е несеоодветна во подготвителен период пред одлучувачката средба во Брисел. Зачудува оценката на еврокомесарот Хан за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ за последните изборни циклуси во Македонија.Ниту ОБСЕ, ниту ЕУ досега не констатираа дека Извештајот за изборите во Македонија е позитивен“, изјави Заев.

За разлика од претходните прес-конференции на Заев, овојпат лидерот на СДСМ не одговараше на новинарски прашања.

На новинарско прашање за тоа кој ќе ги организира изборите и дали за ова се дискутирало на средбата во Скопје, како и големиот број обвинувања за нерегуларности од страна на сегашната владејачка партија и нивото на недоверба кое постои во Македонија, како и тоа дали разговарал со претставниците на Америка за ситуацијата во Македонија, Хан вели:han

Пред се, овој договор беше потпишан не само од премиерот, туку и од опозицијата, а и двајцата лидери на албанските партии, така да овој договор е потпишан од претставниците на најголемите четири партии во земјата, а сведоци за тој договор се амбасадорот на Европската Унија и амбасадорот на САД, кој ни се придружи и беше од голема помош за да го претстави гледиштето на САД. Целосно сум свесен за ситуацијата во земјата и имаше многу дискусии помеѓу опозицијата и власта за тоа кое е најсоодветното време за избори. Има некои недостатоци кои треба да ги формулираме, треба да се осврнеме на избирачкиот список и на некои други елементи, но од друга страна, морам да кажам дека минатите избори, како и многу други во земјата и во регионот беа набљудувани од ОБСЕ и генерално имаше позитивни извештаи со мали нерегуларности, но генерално беше позитивен извештајот, а овие избори беа во април минатата година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1