Трогателна порака на една мајка за загинувањето на Жарко Кузмановски


Синоќа околу 9 бевме со маж ми и син ми во 7-ца во Карпош. Беше гужва, па замолив еден дечко син ми да јаде на маса со него. Чекајќи ги сендвичите тие почнаа дијалог, кој продолжи со гушкање… Кога дојдов до масата на која седеше човекот до моето дете, човекот ми рече: Имате прекрасно дете господ да ве благослови, да порасне голем и силен како мене јас сум специјалец. Рече дека се вика Жарко а син ми го пленил со тоа дека му рекол дека има убаво име. Никој во животот неми рекол дека имампрекрасно  име… Стана, со многу љубов го прегрна Петарче и му рече: Ти си посебно дете, да  бидеш јунак  и повтори, јас сум специјалец ја ќе те чувам. И сега во солзи пишувам го пишувам текстов затоа што човекот бил Жарко Кузмановски кој денеска го загуби животот. Слава ти пријателе почивај во мир и нека ти е лесна земја.

srekja.mk

zaginati33

11169155_1017048268335188_6282287738480643291_n

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1