Тројца мажи уверени дека се татковци на едно бебе


Тројца мажи, кои се појавиле во една болница во Палермо, со желба да бидат во тек на пораѓањето на една млада Сицилијанка и секој од нив уверен дека детето е негово.

Татковците предизвикале неред во породилиштето, приморувајќи го болничкиот персонал да ги повика италијанските полицајци карабинерите.
Според пишувањето на италијанските медиуми, сите тројца биле во љубовна врска со 24 годишната мајка на новороденчето и секој од нив бил убеден дека е татко на детето.

Кога полицијата пристигнала, ги затекла тројцата прилично возбудени. По некое време, мајката со бебето ја напуштила болницата, а била пропратена од едниот од тројцата љубовници, давајќи му јасно и гласно до знаење дека тој е вистинскиот татко на детето. Останатите двајца се погледнале и гневни ја напуштиле болницата секој по својот пат.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1